Вести Македонија

Директорката на ФЗО им забрани влез на новинарите

Вака изгладеше нашиот обид да стапиме во контакт со првиот човек на Фондот за здравство Магдалена Филиповска- Грашкоска, која веќе единаесетти ден ниту одговара на нашите телефонски повици, ниту на пораки. Вратите останаа затворени и за Независниот синдикат на медицински разботници. За разлика од вчерашниот ден, денес беше очигледно присуството на обезбедувањето на оваа институција.

Со кои пари ќе платиме струја и вода, како ќе ги платиме нашите даноци во УЈП,  реагирааат медицинскита работници доколку нашите плати доцнат и со тоа доцнење го пробиваат законскиот рок? Со кое лице ќе ги погледнеме нашите пациенти за неисплаќање на породилното и боледувањата. Зарем толку кусо паметење има државата кој беше во првите редови во борба со пандемијата ?

Ако ништо не се преземе како што веќе има најави ќе има и генерален штрајк во здравството и ако во една држава не функционира здравството тешко на таа држава, изјави претседатеот на независниот медицински синдикат д-р Александар Костески.

Велат дека комуникацијата со Фондот за здравство се одвива преку медиумите и не знаат што точно се случува.

Набрзо вработените во здравство нема да имаат можност да бидат здравствено осигурани. Замислете вработениот во здравство не може здравствено да се осигура, пардон да се лечи. Ќе треба да си плати приватно за дa си ги подмири своите потреби во делот за здравство, обвинува Горан Ристески од Независниот медицински синдикат.

Министерот Спасовски со оценка дека станува збор за хибриден напад кој е влезен во системот на Фондот за здравство. Се работи на решавање на проблемот на системот со помош на меѓународни институции и воедно негова заштита на која мора да се работи и во иднина.

Нереално е да се очекува дека една институција може да ги штити сите институции. Секоја институција на својот електронски систем ќе мора да има соодветни заштити. Да има експерти кои тоа ќе го прават, вели министерот спасовски.

Во меѓувреме и покрај тврдењата на Фондот дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот, постојат сомневања дека е можно да бидат злупотребени личните податоци на граѓаните доколку нападот хакерски се однесува на дата базата на податоци. Според Димовски не станува збор само за загрозување на системот, туку и на приватноста.

Дата базата на Фондот за здравство е најпрецизната дата база на податоци во Македонија во смисла на тоа кои сме тука. Затоа што сите кои живееме во Македонија или најголем дел се здравствени осигуреници.Но она што е најопасно најсуптилните податоци за секој од нас се дел од таа дата база. Кој од што се лекува, какви здравствени проблеми имал во животот итн, вели димовски.

И додека надлежнитте институции го решаваат проблемот, медицинските работници и пациентите чекаат одговор, Филиповска- Грашкоска и дел од нејзиниот тим најдоа начин низ трите влеза во Фондот да ги заобиколат новинарите и да не одговорат директно по одржаниот состаниок .

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе