Вести Македонија

Мистериозна трагедија: 39-годишна девојка се бори за живот, имало мртов маж покрај неа- двајцата се најдени покрај зграда во Центар во Скопје

Четириесет и седумгодишен маж и триесет и деветгодишна жена се најдени покрај зграда во центарот на Скопје на булеварот Климент Охридски.

Мажот бил починат кога стигнала полицијата, додека девојката била во несвест и во многу тешка состојба. Првичните претпоставки се дека двајцата настрадале при пад од зградата во чија близина се најдени. Полицијата засега не соопштува дали станува збор за несреќен случај, самоубиство или убиство.

Девојката е пејачка во позната рок група од Скопје. Таа е префрлена на клиниката КАРИЛ. Од клиниката за Телма кратко кажаа дека повредената жена е во тешка и критична состојба, со многу скршеници и без свест.

Во истрагата која трае, полицијата пак очекува да дознае повеќе детали за мистериозната трагедија по подобрувањето на здравствената состојба на повредената девојка.

„На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе