Вести Македонија Најважни

ОМО Илинден Пирин бара бугарската полиција да открие кој го искрши стаклото на македонскиот клуб во Благоевград

Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара од тамошната полиција да го истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.

Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне – нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда „аверис“, стои во постот објавен на Фејсуб страницата на ОМО Илинден Пирин.

Во постот се означени премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот Стево Пендаровски, првиот човек на Левица Димитар Апасиев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ и претседателката на Европската комисија Урсула ван дер Лајен и комесарот Оливер Вархеи.

Во објавите од вчера од ОМО Илинден Пирин информираат Македонците од Бугарија го одбележуваат раѓањето на Гоце Делчев и оти положиле цвеќе на споменикот во Благоевград, но исто така посочуваат и дека не им било дозволено да ги користат македонски знамиња. Прославата во чест на Гоце продолжила во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

Каменуван македонскиот клуб “Вапцаров” во Благоевград

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе