Вести Македонија Топ вести

Каменуван македонскиот клуб “Вапцаров” во Благоевград

Синоќа околу 21:40 во полицијата во Благоевград, Бугарија било пријавено оштетување на стаклото на македонскиот културен центар “Никола Јонков Вапцаров”.

Според бугарските медиуми пред клубот имало повеќе камења со кои бил каменуван клубот, а инцидентот најверојатно се случил околу 21 часот по бугарско време.

Клубот беше отворен во октомври лани кога имаше тензична атмосфера при отварањето. Оттогаш до сега немало сериозни инциденти освен одлепување на една буква од влезниот излог на клубот.

Нападот во Благоевград се совпадна со вчерашното одбележување на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Во Благоевград вчера беше и контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски кој иако најави не дојде во Скопје, но цело време коментираше од Благоевград за вчерашните настани и застои на границата и за одбележувањето во црквата Свети Спас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе