Вести Најважни Свет

(Видео) Инцидент во српскиот парламент: Опозицијата тргна кон Вучиќ, во негова одбрана станаа пратеници од владеачката коалиција, обезбедувањето ги раздвојуваше

Седницата во српскиот парламент на која, во присуство на претседателот Александар Вучиќ, се расправа за прашањето на Косово во еден момент дојде до раб на инцидент. Расправата доаѓа во период во кој ситуација во врска со расплетот на косовското прашање се усложнува под притисок на Западот. Една од темите е т.н. француско-германски предлог за Косово и Метохија, иако не е опфатен со Извештајот за преговорите кој беше доставен на пратениците.

Дел од опозициските пратеници држеа транспаренти со натпис „Не за капитулација“ и „Не за ултиматум“ за време на говорот на Вучиќ. По бурната расправа во која пратениците од опозицијата стоеја и викаа „предавство“ на што им возраќаа колегите од влaдеачката коалиција.

Во еден момент дојде до мешаница. Дел од опозиционерите тргнаа кон Вучиќ во чија одбрана станаа пратениците од власта, а мораше да реагира и собраниското обезбедување.

Пратениците се повлекоа од просторот околу говорницата по инцидентот, но вербалното препукување продолжи. Голем број од опозициските пратеници го држеа Деловникот во рака и скандираа „Не го даваме Косово“, пришто користеа свирчиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RTS Internet portal (@rtsportal)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе