Вести Македонија Најважни

Русија како трет фактор во македонско-бугарски конфликт, вели МНР Османи- опозицијата бара да ги најдат агентурите и парите за негирање на македонскиот народ

  • Руската Федерација како трет фактор има интерес за продлабочување на македонско-бугарскиот конфликт коментира Бујар Османи.
  • Опозицијата порачува: Најдете ги странските фактори и агентури кои ги спомнувате.
  • Бугарскиот европратеник Ќучук вели дека проблемите не се во интерес на двете соседни држави.

Нема информации дали има странско влијание врз разгорување на страстите во последниот македонско –бугарски конфликт, но министерот Бујар Османи смета дека има трети фактори кои имаат интерес за неуспех на државата.

Во интервјуто за Радио Слободна Европа тој директно ја посочи Русија како трет фактор.

-Јас немам такви директни информации, меѓутоа дека има интерес на трети фактори да се одржат живи конфликтите во овој регион, некогаш и замрзнати, со цел полесно да може да се манифестира влијание во нашиот регион, тоа е веќе позната работа од поодамна и тоа влијание сме го виделе во различен интензитет, во различни периоди на односите, не само меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку воопшто на Западен Балкан, така што сигурно последната ескалација ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт. Дали е тоа во наш интерес? Јас не се согласувам, изјави Османи, во интервјуто за РСЕ.

Прашање: Тие трети фактори не би ги именувале сега?

Османи: Руската Федерација.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ пак смета дека владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ имаат поданички однос кон Бугарија кој ги нарушува државните позиции.

Ако спомнувате странски агентури, откријте ги, побара потпретседателот на партијата Николоски.

-Државата сериозно да ги преиспита наводите кои и самиот Пендаровски ги кажа дека здруженија, фондации, поединци и агентурни мрежи од странски држави се вмешани во креирањето на сите овие проблеми кои што се случуваат во државата и провокации со директно негирање на Македонија и македонскиот народ. И за истите да се излезе со детален извештај со кој што ќе биде информирана македонската јавност, наведе Николоски.

 -Второ, финаниските институции на власта да го проверат финансирањето на дел од овие здруженија и внесот на странски пари и многу битно потеклото на тие пати со кои што овие здруженија во државата тераат антимакедонска политика, побара Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од источната страна на границата, слични наводи за трети фактори во спорот меѓу Скопје и Софија изрече и европратеникот Илхан Ќучук, известувач за Македонија во Европскиот парламент.

-Се ми се чини дека има и други надворешни фактори, луѓе кои сакаат Бугарија и Северна Македонија да немаат добри односи, рече Ќучук за БТВ.

Прашање: Кои се тие фактори?

Ќучук: Тие се и надворешни, ги има и во Бугарија, ги има и во С.Македонија. За жал.

Прашање: Може ли да бидете конкретен за кого зборувате?

Ќучук: Може да бидам конкретен. Тоа се сите оние кои не сакаат С.Македонија да биде дел од Европската Унија. Тоа се сите оние кои не сакаат Бугарија да го европеизира Балканот. Тоа се сите оние кои не сакаат нашата држава да има влијание. Затоа што ставање на уште едно вето означува дека Бугарија нема пријатели. Да нема пријатели и на Балканот и во ЕУ.

Другиот бугарски европратеник, оној што негира се што е македонско- политичарите во Скопје и Софија го спомнаа во различен контекст и како провокатор и како добитник од сопствените ниски провокации.

-Како ние ќе реагиравме ако дојдат два автобуси со граѓани од некоја соседна држава, без да определам која е таа. И Ви кажат, Вие немате право на самоопределување, историјата Ви е лажна, немате национално достоинство. И со говор се насочува внимание кон определени претензии, рече бугарскиот европратеник Илхан Ќучук за БТВ-Бугарија.

-За жал, мислам дека нашето општество штотуку му обезбеди на Џамбаски уште еден мандат во Европскиот Парламент, создавајќи од него некаква политичка ѕвезда од тотален маргиналец во бугарското политичко општество, оцени министерот Бујар Османи во интервју за РСЕ.

Разгорувањето почна токму со негаторството среде Скопје, па продолжи во Охрид со претепувањето на Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“.

Токму решавањето на тој инцидент, официјална Софија го гледа и како европски тест за Скопје, но и како можност за ново вето во Брисел.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе