Израелската полиција приведе 42-ца Палестинци во врска со синоќешниот терористички напад во Ерусалим. Напаѓачот, според полициски извори, пристигнал во синагога на плоштад во центарот на еврејската населба Неве Јаков и отворил оган кон присутните.
Полицијата соопшти дека почнала потера по вооруженото лице, кое побегнало со автомобил од местото на настанот, и успеала да го неутрализира по оружена пресметка.
Само неколку часа потоа следуваше нов напад во близина на Стариот град. Најмалку две лице се поврдени во инцидентот, а напаѓачот, како што пренесуваат локалните медиуми, наводно, е 13-годишно момче од источен Ерусалим.
Тензиите на Блискиот исток пораснаа по вчерашниот израелски напад во кој беа убиени девет Палестинци во бегалски камп во Јенин.
