Вести Македонија Најважни

Пендаровски во интервју за Телма: Го осудивме насилството во Охрид и повикавме на одговорност, Бугарите го исполитизираа случајот

Јас, владата и Министерството за надворешни работи направивме јасно разграничување на она што е наша државна надлежност по охридскиот случај – да повикаме на одговорност, меѓутоа ние притоа не се обидувавме тој случај да го спакуваме во целината на македонско-бугарските билатерални односи, нагласи претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во ексклузивното интервју во „Топ Тема“ на Телма ТВ.

„Можеме да дискутираме за секое соопштение, јас можам да разговарам за моето во кое направив неколку елементи, следејќи го соопштението на ОЈО Охрид. Прво, осудив чин на насилство, кој е наспорен, бидејќи дечкото има тешки телесни повреди. Второ, кажав дека е секретар на клубот на Бугарите во Охрид, затоа што ОЈО Охрид, не јас или вие, тврдеше дека така почнал инцидентот, дека му рекле „не ти е срам да се пишеш Бугарин“. Значи го следев она што го кажува официјален државен орган, не чаршијата што преде приказни. И на крајот, во третиот дел, ги повикав надлежните органи да го расчистат целиот случај и виновните, не велам кој е виновен, да сносат санкции“, го обраложи претседателот Пендаровски сопственото соопштение што го лиферуваше во јавноста по инцидентот во Охрид во кој беше претепан генералниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

Тој вели дека во соопштението не мешал политика, Македонци или Бугари, туку се држел до сознанијата што до тој момент биле утврдени од официјален државен орган – Јавно обвинителство.

„Такво нешто, објективно, не видов од бугарска страна од каде сето тоа веднаш, ама веднаш, се вклопи во македонско-бугарскиот наратив дека е „тепан е само заради тоа“, итн. Тоа беше политизација на случајот што, да бидам искрен, не ја очекував“, истакна шефот на државата.

Пендаровски се навраќа на случаи и десетина години наназад, во период за кои, како што вели, „земјава немаше абер од преговори со Европската Унија“, а биле ставени во контекст на македонско-бугарските односи.

„Пример е познатиот случајот на Спаска Митрова од Гевгелија во кој една расправија околу старателство врз дете на двајца брачни другари, во тоа време кога немавме абер од преговори со Европската Унија, беше ставен во македонско-бугарскиот контекст, во тие етнички и политички наративи“, посочува Пендаровски.

Бугарија деновиве го повлече својот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје на консултации во Софија, за што македонскиот претседател одговори:

„Бугарскиот амбасадор замина заедно со дечкото кој го однесоа на лекување во Софија. Подоцна ја кажаа таа квалификација дека ќе остане извесен период на консултации. Значи, не е повикан на консултации по два или три дена, туку истиот ден, но неспорно е останат за консултации“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Кривична пријава за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш

Дејан Дејан

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Дејан Дејан

Пендаровски: Го вратив законот за игри на среќа, ЕУ децидно ми кажа – „нема ниту една европска директива за која го врзувате, европското знаме е злоупотребено“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе