Вести Македонија Најважни

(Видео) Чернева: Повлекувањето на бугарскиот амбасадор е неумерен гест, луѓето со бугарска самосвест страдаат поради провокациите на маргиналците

Обичните луѓе со бугарска самосвест страдаат поради провокациите на маргиналците и од двете страни на границата. Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје е неумерен гест, оценува за БТВ1 Весела Чернева заменик-директор на Европскиот совет за надворешна политика.

  • Според неа на двете страни на границата има две партии со иста генеза, кои постојано создаваат поводи за да има тензии меѓу двете земји, а околу нив и групи слични на нив, како што е случајот со Костадин Костадинов и други политичари, кои се занимават со тоа да одржуваат постојани тензии.

Чернева, која е реномиран регионален експерт за надворешна политика, беше и советник за надворешна политика на поранешниот премиер Кирил Петков.

  • Во моментов, за жал сме во една предизборна етапа. Ништо не го оправдува нападот врз македонскиот граѓанин со бугарска самосвест, впрочем и врз кој било друг такво нешто нема оправдување. Но, зрелоста на двете земји ќе се мери според тоа како можат да ги искористат механизмите кои веќе постојат, и беа договорени од владата на Петков со Брисел, за да може да се расчистат такви инциденти уште на самиот почеток. Во моментов не гледам дека тоа се случува. Напротив, дури и гледам желба за радикализација од бугарска страна. Според мене, повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје е неумерен гест, и ако ние навистина се грижиме како живеат Бугарите во Северна Македонија, какви права имаат тие и како се впишуваат во македонските институции, треба да можеме да им создадеме услови, а не постојано да ги настројуваме останатите против нив. Зашто, тоа е она што се добива во крајна сметка. Обичните луѓе со бугарска самосвест страдаат поради провокациите на маргиналците и од двете страни на границата, истакна БТВ1, Чернева.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе