Вести Македонија Најважни

(Видео) Османи: Јас нема да бидам адвокат на комунистичкиот период, наша задача е да не дозволиме Бугарија да ја убеди ЕУ за обвинувањата за дискриминација

Бугарија веќе го реализира планот за користење на европските механизми и веќе испратила писма до сите европски организации со наратив дека овде се води тешка политика на дискриминација кон Бугарија.

Наша задача е да не дозволиме Бугарија да ја убеди ЕУ во ваквите нејзини позиции, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

За посертата во Бугарија вели дека соодветно изреагирал на изјавата на неговиот колега Милков и покажал дека не постои државна дискриминација.

„Ако очекувавте од мене дека јас ќе бидам адвокат на комунистичкиот период, тоа нема да го добиете од мене. Затоа што јас ниту ќе го пофалам тој период од мои причини, нема да го критикувам како министер за надворешни работи, бидејќи претставувам граѓани кои имаат поинакво мислење и таа тема ќе ја оставам на историчарите. Политичари и историја не. Комунистички период јас нема да коментирам, ни овде, ни во Софија, никаде. Ако мислите дека Милков рекол сега се случува тоа, јас реагирав веднаш и фактот што јас бев таму е токму тоа. Во име на владата доаѓам тука, се грижам за секој наш државјанин каде и да е, од која било етничка припадност и дека нема државна политика на дискриминација, туку напротив, ние ќе создадеме атмосфера на нула толеранција на говор на омраза и насилство“, изјави денеска Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Стотици заложници, најмногу жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе