Вести Македонија Најважни

Османи прецизираше на кој период мислел Милков

Иако бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков не прецизира во кој период во Македонија, според него, имало црна традиција на палење, стрелање и насилство, македонскиот шеф на дипломатијата го прецизираше периодот.

Ако очекувавте од мене дека јас ќе бидам адвокат на комунистичкиот период, тоа нема да го добиете од мене. Затоа што јас ниту ќе го пофалам тој период од мои причини, нема да го критикувам како министер за надворешни работи, бидејќи претставувам граѓани кои имаат поинакво мислење и таа тема ќе ја оставам на историчарите. Политичари и историја не. Комунистички период јас нема да коментирам, ни овде, ни во Софија, никаде. Ако мислите дека Милков рекол сега се случува тоа, јас реагирав веднаш и фактот што јас бев таму е токму тоа. Во име на владата доаѓам тука, се грижам за секој наш државјанин каде и да е, од која било етничка припадност и дека нема државна политика на дискриминација, туку напротив, ние ќе создадеме атмосфера на нула толеранција на говор на омраза и насилство, изјави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Спротивно од Османи, претседатлеот Пендаровски изјавата на Милков ја оцени како грозна и му реплицираше дека сигурно мислел на периодот од 1941 до 1944 година, за време на фашистичката окупација и го покани Милков да ја посети Ваташа. И премиерот Ковачевски се согласи дека овој период е најтемен период во Европа и очекува Милков самиот да каже на кој период мисли.

За изјавата во која на бугарската телевизија тврдеше дека за него е најбитно што кажува нападнатиот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, наспроти истрагата која не е завршена Османи тврди дека е изваден од контекст и дека изјавата му била симболична.

Спорната изјава Османи ја дава на конкретно прашање дали знае зошто всушност беше извршен нападот врз Христијан Пендиков. А, неколку минути потоа на друго прашање за имињата на бугарските клубови го повторува тој став и како пример за чувствителноста на одредени прашања и кај бугарите и кај македонците.

Изјавата на шефот на дипломатијата, според правните експерти, е компромитација на истрагата и сметаат дека требало да има и реакција од шефот на обвинителството, бидејќи квалификацијата за сторено кривично дело е работа на обвинителот.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе