Вести Македонија Најважни

(Видео) Бојко Ноев: Има бугарски политичари кои ги влошуваат односите со Македонија и работат во интерес на Кремљ

„Има бугарски политичари на кои не треба да им биде дозволен влез не само во Република Северна Македонија, туку не треба да им се дозволи да бидат и на бугарската политичка сцена. Тоа се бугарски политичари кои сакаат Бугарија да се одвои од Европа. Тоа се политичари кои одржуваат референдуми за отцепување од Европа, против еврото, а можеби и за влез во зоната на рубљата. Тоа се политичари кои отворено ги бранат интересите на Кремљ во Бугарија“, вели во интервју за БТВ Новините поранешниот бугарски министер за одбрана и експерт за нациоанлна безбедност Бојко Ноев.

Според него не може да ги држиме затворени очите пред фактот дека реално има бугарски политичари кои ги влошуваат односите со Северна Македонија и им даваат повод на македонските власти да најдат оправдување тогаш кога се тепаат бугарските граѓани и македонски Бугари.

Во интервју за БТВ Ноев ги коментираше изјавите на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека треба да се забрани бугарски европратеник и некои политичари да присуствуиваат на чествувањето за Гоце Делчев на 4 февруари во Скопје, бидејќи имало информации дека некои од нив се поврзани со руските служби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе