Вести Најважни Свет

Драматично во СНС на тема Косово: Вучиќ порачал дека е подготвен да поднесе оставка и напуштил партиски состанок

Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ најави можност за крај на СНС доколку претседателот на Србија, Александар Вучиќ остане на своите ставови да поднесе оставка.

Медиумите во Србија објавија дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово. Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа на нив, а потоа ја напуштил средбата, јави Бета.

Глишиќ смета дека потоа ќе следи нешто што, како што рече, е „најцрното и најлошото сценарио за Србија“ што не може ниту да го замисли. Иако не објасни дали Вучиќ кажал под кои околности ќе поднесе оставка, дали на функцијата претседател на партијата или на државата, тој повтори дека „ако поднесе оставка и ако се држи до неа, ќе биде најлошото нешто што ќе и се случи на Србија“, јави РТС на својата веб-страница.

Вучиќ, како што претходно беше најавено, во понеделник ќе присуствува на седницата на Владата на Србија, што почнува во 11 часот, а ќе се обрати пред граѓаните во 20 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе