Вести Македонија Најважни

Првиот случај на сојот „Кракен“ и официјално регистриран во Македонија

Подсојот „кракен“ и официјално е регистриан во Македонија. Овој сој на омикрон веријата на коронавирусот е откриен при секвенционирање на триесетина позитивни примероци од пацинети а бил присутен кај само еден од нив, жител на Гевгелија.
Од институтот за јавно здравје соопштија дека се секвенционирале примероци земени во текот на овој месец и декември минатата година и дека присутен е само сојот „Омикрон“.

„Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана ХББ.1.5 омикрон сублинијата позната како „Кракен“. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, а примерокот е земен на 11 јануари. Кај 8 примероци е детектирана БА.2 сублинијата на Омикрон сојот а кај останатите е детектирана ВА.5 сублинијата на Омикрон“, велат од ИЈЗ.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, професор доктор Александар Петличковски смета дека нема место за загриженост иако овој подсој на „Омикрон“ е досега најлесно пренослив но е со најлесни сипмтоми. Граѓаните кои ги прележале овој сој на коронавирусоит или се вакцинирани имаат добра заштита  а Петличковски не очекува оптеретување на здраветсвниот систем и голем број на хоспитализации.

„Предвидувањата и очекувањата се во следните нколку недели и месеци „Кракен“ верзијата да биде доминантна верзија на „Омикрон“ по примерот кој го следевме во сите останати држави. Очекуваме да нема драстични поместувања по однос на хоспитализации и тешки случаи. Нема место за загриженост бидејќи „Кракен“ од она што досега го знаеме оди со лесна клиничка слика како горнореспираторна инфекција, можби дури и полесна од грип. Нема место за паник ниту пак очекуваме нешто значајно да се комплицира по однс на притисокот на здравствениот систем “, изјави др. Петличковски.

Според Петличковски моменталната епидемиолошка состојба во Македонија е стабилна,  се очекува покачување на бројката за заоболени од грип во следните недели и нема место за паника.

Официјалните податоци на здравствените власти се дека заклучно со 15 јануари на инфективните одделенија се хоспитализирани 32 пациенти, процентот на позитивни тестови се движи меѓу 3 и 9 отсто а недело се регистрираат меѓу двесет и триста нови случаи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе