Вести Македонија Најважни

Даравелски побара повторно судење, доколку судот го одбори тој е слободен човек

Даравелски, преку својот адвокат побара повторно судење. Сега се е во рацете на кривичниот совет во скопскиот кривичен суд. Она што е јасно е дека има застареност на кривично гонење за стореното кривично дело но не и застараност на извршување на казната од седум години затвор. Доколку има повторно судење Даравелски е слободен човек.

Доколку Драган Даравелски повторно стапне во судница во скопска единица е слободен човек, бидејќи според законите и процедурите гонењето за кривичното дело кој тој го сторил е застарено. Денеска тој очекувано преку својот адвокат, Душан Шарановиќ од Скопје, во Кривичниот суд го достави барањето за повторно судење.

Адвокатот на Шарановиќ не беше расположен за изјава и коментар на што се темели барањето, а од Кривичниот суд пак соопштија дека е формиран предмет и за тоа ќе одлучува Кривичниот совет.

  • Оформен е предмет кој е распределен пред надлежен Кривичен совет за понатамошно постапување. Советот, согласно Законските надлежности најпрвин ќе се обрати за податоци до установата каде истиот е на издржување на казната затвор, а потоа предметот ќе го прати на  мислење до Основното јавно обвинителство. По комплетирање на списите, советот закажува седница и по донесената одлука странките и јавноста ќе бидат благовремено известени- Кривичен суд.

Од Кумановскиот суд кој според местото на живеење е надлежен, за извршување на затворската казна информираа дека нема застарување на извршувањето бидејќи не е изминат законскиот рок кој истекува во 2028 година а се должи на барањата за екстрадиција со кои се прекинува течењето на роковите.

  • Со оглед дека од последното преземено дејствие од страна на судот нема изминато период од десет години, ниту пак изминало два пати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршување на казна, застареноста не настапила- Основен суд Куманово.

Од министерството за правда се повикаа на информацијата од кумановскиот суд дека апсолутната застареност на делото на Даравелски е во 2028 година и нагласија дека нивните ингеренции се однесуваат само на постапката за екстрадиција.

  • Министерството за правда е надлежно да постапува само и исклучиво во постапката за екстрадиција. Немаме надлежност да толкуваме постапки на суд. Дали ќе му биде повторена постапката или не, тоа е исклучиво во судска надлежност. Последен пат е барана екстрадиција за Драган Даравелски во јуни 2020 година. Досега немаме добиено повратен одговор од Србија. Претходно се поднесени барања за екстрадиција во 2004 и 2013 година.

Клучот во тоа дали ќе биде одобрено повторно судење на Даравелски лежи токму во барањето од 2013 година кога тој е уапсен во Србија и во членот 456 од Законот за кривична постапка.

Таму во став 1 е децидно наведено дека повторено судење со негово присуство може да се одобри доколку тој поднел барање во рок од 364 дена откако дознал за пресудата со која е осуден во отсуство, а тоа не е сторено во овој случај бидејќи барањето е поднесено денеска. Но во став 2 од истиот член пак е наведено дека повторно судење може да се одобри доколку Србија побарала и добила гаранции дека на Даравелски ќе му биде дозволено повторно судење во негово присуство, што е направено во 2014 година.

Останува на Кривичниот совет да одлучи дали ќе го прифати став 1 и ќе го одбие барањето или ќе го прифати став 2 и ќе го одобри барањето за повторно судење.

Она што е јасно е дека доколку има повторно судење ќе има само едно формално рочиште на кое или Обвинителството ќе го повлече обвинението или судечкиот совет ќе констатиора застареност на делото.

Во секој случај конфискацијата на имотот на Даравелски останува но, тука е неговото оштетно побарување кое не застарува па така државата можеби ќе треба да му ги плати адвокатите.

Даравелски во отсуство беше осуден на седум години затвор во 2007 година за Злоупотреба на службената положба и овластувања.Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе