Вести Македонија Топ вести

Од учебникот по историја и општество за петтo одделение: Македонија на исток се граничи со Албанија, на запад со Бугарија

Релјефна карта на Македонија, а до неа неколку реда неточни информации. Географски невистини го красат новиот учебник по историја и општество за петто одделение. Според авторите, највисоката точка на Земјата, Монт Еверест е 20.000 метри, иако реалната бројка е 8.849 метри.

Втора сериозна грешка во учебникот е во лекцијата – со кого се граничи Македонија. Според авторите, на запад државава граничи со Бугарија, а на исток со Албанија.

Нејасно е како авторите Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска добиле дозвола да се испечати ова содржина која основците чекаат цело полиугодие да ја добијат преточена во учебник.

Ова е само еден од учебниците кои доцнат со месеци додека учениците учеа од импровизирани материјали. Првото тромесечие помина речиси без учебници. Дали и колку грешки има во другите МОН допрва ќе проверува. Министерот за образование Јетон Шаќири во разговор за Телма само кусо ни соопштити дека авторите на спорниот учебник, кој предизвика бура реакции во јавноста, за денеска се повикани на состанок.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерка за заштита на градот – туристите од денеска ќе плаќаат пет евра за влез во Венеција

Дејан Дејан

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе