Вести Најважни Свет

Апсења на германски екстремисти – групата планирала државен удар и убиства

„Граѓани на Рајхот“ се нарекуваат членовите на екстремистичкото движење Рајхсбиргер, кои според германските разузнавачи, планирале државен удар, со упад во зградата на парламентот и преземање на власта. Полицијата ги следи со години, овие радикалисти кои не плаќаат даноци и прогласуваат мали „национални територии” на своите имоти и ги нарекуваат „Втора Германска Империја“„Слободна пруска држава“ и „Војводство Германија“.

Нивните акции со теории за расистички заговори и насилни напади во судници се повеќе го загрижуваат германското општество, а најновите планови за уривање на државниот поредок ги активираше антитеростичките единици. Упасени се 25 осомничено, меѓу нив и водачот – извесен принц Хајнрих 13-ти, кој има 71 година. Заговорниците веќе имале воспоставено планови да владеат со Германија, а планирале да го киднапираат министерот за здравство истовремено создавајќи „услови за граѓанска војна“ за да се стави крај на германската демократија, соопшти федералното обвинителство.

  • Тие веќе имаа воспоставено планови да владеат со Германија со одделенија кои ги покриваат здравството, правдата и надворешните работи. Членовите планирале дека можат да ги остварат своите цели само со „воени средства и насилство врз претставниците на државата“, што вклучува и извршување убиства.

Рации беа извршени во поголем дел од земјата, а две лица беа уапсени во Австрија и Италија. Меѓу уапсените е поранешен екстремно десничарски пратеник кој требало да биде поставен како министер за правда на групата, заедно со наводниот принц Хајнрих како лидер. Еден од оние кои се под истрага е припадник на специјалните командоси сили.

Групата функционира како владата во сенка, не ја признаваат модерната германска држава, а за државниот удар требало да им помогнат и поранешни припадници на војската и елитни војници од специјалните единици. Во групата членуваат најголем дел мажи над 60 години, но има и жени. Нивната цел е да ја формираат нова држава по моделот на Германија од 1871 година – империја наречена Втор Рајх. Инспекторите ја дознаваат групата кога откриле заговор за киднапирање минатиот април во кој била вмешана банда која себеси се нарекувала Обединети патриоти.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе