Вести Македонија Најважни

Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска осудени на 18 години, Андреј Костовски на 16, пресуда за убиството на ракометарот Денис Тот

Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни и ги осуди на високи затворски казни обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Андрес Костовски и Клементина Левковска за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк.

Првообвинетиот Анџело Ѓоргиевски осуден на 18 години казна затвор, на иста затворска казна судот ја осуди и Клементина Левковска, додека третообвинетиот Андреј Костовски го осуди на 16 години затвор.

Судот исто така им наложи на осудените на родителите на Тот, да им платат износ од по 9 милиони денари, а на братот износ од 8 милиони денари во рок од 6 месеци по пресудата.

Судот исто така им го продолжи притворот се до правосилноста на пресудата, поради постоење опасност од бегство. Сите тројца побараа поблага мерка притвор потенцирајќи дека не се обидувале да избегаат.

Во однос на тоа дека сум се дал во бегство, јас не избегав туку веднаш кога дознав дека полицајата ме бара јас сам се пријавив и заедно со инспекторите бев спроведен во затворот. Што значи дека сам се пријавив да одам во приотвор, јас не сум се дал во бегство, бев под дејство на антидепресиви, без изгубен неколку дена, но кога дознав дека полициајта ме бара, јас сам се пријавив. Ако сум бил во бегство немаше денеска да бидам тука, изјави обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски.

Претходно обвинителката Тања Трајчевска, во завршните зборови, побара осудителна пресуда за обвинетите, посочувајќи дека имало умисла позади нивното постапување.

Имајќи предвид дека откако оштетениот паднал на асфалтот и бил удиран од страна на обвинетите додека беспомошно лежел, зборува дека обвинетите имале умисла за извршување на кривичното дело и дека биле свесни дека може да настане штетна последица, посочи обвинителката Трајчевска.

Според обвинителката, оштетениот бил доведен во нерамноправна позиција, бидејќи, како што рече, бил нападнат од тројца кои што му задале удари по виталните делови од телото, во пределот на главата, каде што подоцна се констатирнаи животозагрозувачки повреди.

Таа посочи дека од доказната постапка произлезе дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од судот да пресуди по однос на истите, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежнувачки околности.

Полномошникот на законскиот застапник предјави оштетно побарување за Игор Тот, Татјана Тот и Борис Тот, за сите соодветно, во износ од 9 милиони денари.

Во текот на процесот обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото кое што им се става на товар, иако и тројцата изразија жалење. Одбраната ја оспоруваше правната квалификација на обвинителството и бараше ослободителна пресуда бидејќи, според нив, станува збор за обична тепачка, а не за убиство со умисла.

Обвинителството ги гонеше обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

Дејан Дејан

Која е втората истрага за тајните служби во Македонија

Дејан Дејан

Македонија ќе бара помош од САД во поглед на евроинтеграциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе