Вести Македонија Најважни

Земјите членки на НАТО ќе ги разгледуваат можностите за воена и политичка помош на Украина

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, денеска и утре во Букурешт треба да ги договорат идните чекори со кои Алијансата и политички и воено-технички ќе ја поддржи Украина. Оценувајќи ги последните воени акции на Русуја во кои мета се и цивилни цели, како варварски, генералниот секретар на НАРО, Јенс Столтенберг најави дека Алијансата ќе ја помага  Украина се додека е тоа потребно. Што тоа ќе значи во поглед на конкретната помош, ќе се одлучува следните два дена.

Босна, Грузија и Молдавија како ранливи точки на можно руско влијание е втората значајна тема, а министрите на 30-те членки на НАТО ќе се занимаваат и со прашањето за влезот на Шведска и Финска во алијансата откако сите членки на алијансата го потпишаа протоколот за влез на овие земји во НАТО пактот. Тема на состанокот ќе бидат и идните односите со Кина..

Б.Х.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Симптоматична е втората оставка во Уставен, јавноста треба да ги знае причините – велат експертите

Дејан Дејан

Документот со исполнети реформи испратен во Брисел, Изборниот законик останува во политички застој

Дејан Дејан

Анибар Филм Фестивал – гнездо за развој на креативноста, регионалната културна сцена и младинскиот активизам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе