Вести Македонија Најважни

НАТО останува „грб“ на Украина. Столтенберг најави политичка и воено-техничка помош се додека е потребно. Во фокусот на состанокот и руското влијание во БиХ, Грузија и Молдавија

Во услови кога руската агресија во Украина станува сè побрутална, а рускиот претседател Путин се обидува да ја искористи и зимата како воено оружје, земјите членки на НАТО се одлучни да ја засилат поддршката за Украина, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи во Букурешт.

„Министрите за надворешни работи на НАТО донесоа заклучоци за руската брутална агресија и за наша поддршка за Украина. Украинските вооружени сили направија забележителен напредок, ослободувајќи територии и принудувајќи ги руските сили на повлекување. Во исто време, голем дел од Украина и натаму е окупиран. Русија врши брутални напади во кои користи и дронови. Претседателот Путин се обидува да ја претвори зимата во оружје. Од нашиот состанок, овде во Букурешт, праќаме силна порака за НАТО заедништво и голема поддршка за Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на попладневната прес-конференција во Букурешт.

Значи не станува збор само за обезбедување на оружје, туку тоа оружје од НАТО сојузниците треба да бидат корисни за соборување на руските гранати и дронови“.

Сојузниците договараат зголемување и на воената и на финасиската и на хуманитарната помош.

„Нашиот главен фокус сега е како да обезбедиме основните потреби и поддршка за нивна самоодбрана и за обнова на уништената енергетската инфраструктура. Но, за Украина разговаравме како да го засилиме политичкото партнерство преку забрзано членство или некои форми, преку зачестени и важни средби и барање на други опции за проширување и продлабочување на политичкото партнерство. Второ, усвоивме практичната помош, бидејќи е важна, како гориво, генератори и друга таква техничка помош. Но, политичката и практичната помош ќе не поврзе поблиску со Украина и ќе ни овозможи како понатаму да ги зајакнуваме на каопацитето за Украина да се ослободи од техниката ос советската ера и да премине на НАТО стандарди“, додаде Столтенберг.

Но, паралелно, Алијансата работи и на јакнењето на своето источно крило.

Активно учество и во воената помош за Украина и во стратешкото прераспоредување на силите на НАТО, има и Македонија, оценува шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Се заедно, смета, Османи треба да влијае и на поголема безбедност на регионт на Западниот Балкан, кој е ранливо подрачје што Русија може да го злоупотреби..

Состојбата во Босна, Грузија и Молдавија кои според проценките на алијансата се ризични за можни руски влијанија, е втората клучна тема на дводневната сесија на министрите за надворешни работи на НАТО во Букутешт. Пред нив се и решенијата за справување со заштитата на критичната ифраструктура, од како што се оценува, опасноста што доаѓа од Кина.

Од Букурешт за Телма,

Боби Христов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе