Вести Македонија Најважни

Посетата на германскиот претседател во земјава, за некој ден одложена блокадата на центарот на Скопје од приватните автобуси

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, од денеска па до 1 декември ќе престојува во официјална посета на Македонија. Тој за прв пат ја посетува нашата земја.

Фокусот на посетата е ситуацијата во регионот, влијанието на војната во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.

Според агендата, планирани се политички разговори на 29 и 30 ноември со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а предвидено е Штајнмајер да се обрати и во Собранието.

Истовремено приватните автобуски превозници синоќа привремено ја прекинаа блокадата кај крстосницата пред Мавровка во главниот град поради пристигнувањето на германскиот претседател во Скопје.

„Со оглед на информацијата од МВР дека доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот, ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да ги отежнат безбедносните протоколи – да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку дотогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП, на улица ќе излезат повторно во петок“, изјави синоќа Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Ќе успее ли Жељасков да стане премиер – Радев денеска ќе му врачи мандат за формирање на влада

Дејан Дејан

Исклучена струја во шест региони во Украина – Русија претпладнево изведува масовни удари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе