Вести Македонија Најважни

Црвенковска со оставка и обвинувања за влијание на судско-бизнис елитата врз судскиот совет

Поднесе оставка од функцијата и зад себе остави сомнежи за влијанија во работата на судскиот совет.

Претседателката на најмоќното судско тело, Павлина Црвенковска  ги изненади колегите на почетокот на денешната седница кога кусо најави дека оставката и е неотповиклива и си замина од салата иако останува член на судскиот совет.

Брзо следуваше писмено образложение со сериозни обввнувања

„Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството. Стана жално што наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите“ – вели во својата реакција Павлина Црвенковска. 

Која судско бизнис елита влијае во работата на ова тело што бира, разрешува и оценува судии.

Кои проекти се опструираат преку членови на судскиот совет Црвенковска одлучи денеска повеќе да не одговара.

Судирот во судскиот совет кулминираше минатата недела на седницата на која се бираа членови за во управниот одбор и комисија за приемен испит на Академијата за судии и јавни обвнители.

Црвенковскаа предложила листа од неколку кандидати за пополнување на овие позиции и отворила дискусија за нив, на што бурно реагирале дел од членовите  дека не им оставила можност и тие да предложат свои кандидиати. Откако дале предлози и се пополниле местата за управниот одбор на академијата имало пауза по која седницата не продолжила.

Црвенковска за медиумите се дообјаснуваше дека не дошла со готов список туку со листа со имиња како потсетник.

Тврдеше дека тенденциозно нејзината листа се претставува како некаков список иако и други членови дошле со предлози напишани на хартија. Дополнително денеска се дообјаснува дека ниту го предложила ниту гласала за тоа членот на советот Зоран Герасимовски да биде и дел од управниот одбор на Академијата – нешто што беше оспорувано во јавноста како неетички и несоодветно толкување на законот.

Според изворите на Телма во Судски веќе некое време врие и има неколку табори кои се спротивставени околу сите побитни прашања.

Нов судир или помирување се очекува околу изборот на наследник на Црвенковска закажан за следната недела.

Според последните законски измени претседател на Судски може да биде некој од 4-цата челнови кои не се избрани од редот на судиите- Весна Дамева, Татјана Чачарова Илиевска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа.

Брифинзите од советот се дека можно е битката за претседателската функција да биде меѓу првите две.

Дамева, која кариера ја поминала како стручен соработник во Кривичниот суд а во советот е избрана на предлог на претседатлеот Пендаровски и Чачарова Илиевска, адвокатка која 3 години била и посебен советник за правда на премиерот Заев.

Но нашите извори не исклучуваат и на крај да испадне ” двајца се караа третиот користи”.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе