Вести Македонија

Зошто е затворен БОБ ФРЕШ МАРКЕТ?

Боб Фреш Маркет е затворен.Ниту купувачите ниту вработените немаат пристап.Влезот е блокиран од агенција за обезбедување. Закупникот, Иван Вања Димитровски, не добил никакво официјално известување ниту од сопственикот на имотот Гранит, ниту од општина Карпош.

Закупникот се жали дека тој имал договор на 10 години, а само по седум месеци откако почнал со работа на оваа локација, дејноста му е стопирана.

Откако не му бил дозволен пристап до објектот, повикал полициски службеници за да го решат проблемот, но тие не презеле ништо за одблокирање на влезот.

Проблемот всушност настанал  околу средината на септември кога тој бил повикан на состанок со Гранит на кој му кажале дека ќе му се раскине договорот бидејќи на тој простор сопственикот – градежното претпријатие Гранит има намера да гради деловно- станбен објект.

Закупникот се жали дека веќе неколку месеци не добива фактури и не може да ги плати сметките за кирија и електрична енергија.

Од Гранит никој не одговорил на неговите барања.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски во разговор за Телма изјави дека закупникот со месеци не плаќал кирија и сметки за електрична енергија, а имало и лоша хигиена за која секојдневно се жалеле околните жители.

Ние стапивме во контакт и со Гранит, но до емитување на овој прилог тие се уште не се огласија за обвинувањата против нив.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца американски војници се убиени, а еден засега се води како исчезнат во иранските напади во Јордан

Igor Trajkov

Пикот на заболените е достигнат, што е контаминирано во Гостивар – водата или храната?

Igor Trajkov

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе