Вести Македонија Топ вести Топ тема

Тетовскиот екоактивист Џафери во „Топ тема“: Да се раскинат сите концесии за „мали“ хидроцентрали оти не вредат

Влијанието на т.н. мали хидроцентрали врз животната средина е огромно и ние од 2019 година бараме да се стопира издавањето на нашите реки под концесии на бизнисмени кои од нив профитираат, а луѓето остануваат без вода, истакна Аријанит Џафери, екоактивист од Тетово, во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма по вчерашната одлука на владата за раскинување на концесиите за седум мали хидроцентрали на Шар Планина. Истите тие профитери, додаде тој, добиваат 70 отсто од субвенциите на државата за производство на струја од обновливи извори, додека малите хидроцентрали произведуваат околу три отсто од целокупното производство на струја во нашата држава.

„Уште на времето рековме дека не вреди да се трошат толку пари за хидроцентрали, а се уништува природата, животната средина, екосистемот, целиот биодиверзитет на Шара и не само на Шара. Ние баравме да не се градат мали хидроцентрали поради тоа што не вредат и не произведуваат доволно струја, а штетата е огромна“, изјави Џафери.

Комисијата работеше, речиси, цела година, период за кој требаше да преиспита со кого може да се раскине договор и колку ќе треба тие компании да бидат компензирани, бидејќи претходно им биле дадени дозволи.

„Кога сме кај компензацијата, повеќето од тие компании добивале субвенции, па добро е да истражи и колку пари тие имаат добиено од државата. Со прогласувањето на Шар Планина за национален парк и според Бернската конвенција, во нејзините граници, во близина на нејзините граници или каде што има вертикална гравитација, не смее да има хидроцентрали и колку што разбрав, затоа е донесена одлуката на владата. За ова многу одамна сме алармирале и во Министерството за животна средина и во јавноста дека не смее да има хидроцентрали во Шар Планина и поради штетите кон животната средина и поради луѓето кои живеат во селата во близина на тие централи“, посочи Џафери.

Тој ја оцени како недоволна одлуката на Владата за раскинување на седумте концесии и побара „раскинување на сите концесии за мали хидроцентрали и природата да се врати во првобитна состојба, се разбита онолку колку што може, и да се урнат сите такви градби“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе