Вести Економија

Почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот – поднесени се вкупно 224 амандмани

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Беа разгледани десетина амадмани поднесени од СДСМ, Левица и ДУИ.

Со дел од нив се бараше зголемување на средствата во Министерството за односи меѓу заедниците, а со дел зголемување на средствата за плати за вработените во администрацијата на Министерството за одбрана и за припадниците на Армијата, како и зголемување на блок дотациите за општините наменети за противпожарните бригади.

Амандманите за зголемување на средствата за плати за вработените во Министерството за одбрана и Армијата беа одбиени со образложение дека се предвидени средства за исплата на плати согласно постоечките колективни договори и дека во тек се разговори со репрезентативните синдикати за нови колективни договори.

Левица со амандмани побара зголемување на средствата за изградба на објекти за Армијата и за формирање на центар за планинска безбедност.

За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани.

Опозицијата обвинува за неодговорно трошење, власта категорична дека „буџетот е развоен“ – жестока расправа за ребалансот во Собрание

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК се модернизира – преку „Silent Call“ жртвите на семејно насилство и лицата во опасност ќе може да побараат помош

Дејан Дејан

Марта Кос: Ниту една земја кандидат за членство во ЕУ досега нема добиено, ниту пак може да добие гаранции за евентуален нов билатерален спор

Дејан Дејан

„Where are you“ za итни ситуации и „Silent Call“ за жртви на семејно насилство, најави првиот човек на ЦУК

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе