Вести Македонија Топ вести

„Where are you“ za итни ситуации и „Silent Call“ за жртви на семејно насилство, најави првиот човек на ЦУК

Апликациja „Where are you“ за итни ситуации и функција „Silent Call“ за жртви на семејно насилство, најави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамет Али од Тиват, каде учествува на Регионалната конференција за системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации.

„Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од местото на настанот, испраќање видеа од местото на настанот и директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации“, изјави Али.

Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош.

„Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации“, посочи Али.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународниот олимписки комитет ја укина суспензијата на Русија

Sasko Dimovski

Трамп размислува да и продаде на Турција борбени авиони F-35

Дејан Дејан

Трамп по пристигнувањето во Анкара: Многу сум разочаран од НАТО, помош за Иран не нѝ требаше, само ги тестирав луѓето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе