Вести Свет

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, изјави дека ќе се кандидира за претседател на изборите во 2027 година и дека ќе поднесе жалба до највисокиот суд во Франција против пресудата за проневера, според која една година ќе мора да носи електронска нараквица за надзор.

„Не можам да водам изборна кампања со електронска нараквица“, изјави таа за француска телевизија. „Ќе ги искористам сите правни можности за да ја докажам мојата невиност во овој случај.“

Неколку часа претходно, Апелацискиот суд во Париз ја прогласи за виновна за злоупотреба на 2,8 милиони евра (2,4 милиони фунти) средства од Европската Унија преку шема со фиктивни работни места, но пресуди дека таа сепак може да се кандидира за претседател додека носи електронска нараквица.

Ле Пен сега потврди дека ќе го обжали случајот пред највисокиот граѓански суд во Франција – Касацискиот суд.

Со оваа одлука завршуваат повеќемесечните шпекулации дека Ле Пен ќе ја препушти претседателската кандидатура на 30-годишниот претседател на нејзината крајно десна политичка партија „Национален Собир“, Жордан Бардела.

Интересно, анкетите него му даваа поголеми шанси за победа на претседателските избори, иако младоста и неискуството наведуваа многумина во Франција да се сомневаат во неговата способност да ја води најголемата европска нуклеарна сила и втората економија на Стариот континент.

На прашањето дали постои можност да не се кандидира, таа одговори: „Не, не постои. Вечерва сум тука за да ви кажам дека сум кандидат за изборите во 2027 година. “

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот – поднесени се вкупно 224 амандмани

Дејан Дејан

ЦУК се модернизира – преку „Silent Call“ жртвите на семејно насилство и лицата во опасност ќе може да побараат помош

Дејан Дејан

Марта Кос: Ниту една земја кандидат за членство во ЕУ досега нема добиено, ниту пак може да добие гаранции за евентуален нов билатерален спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе