Трошоците на животот во јуни 2026 година се намалени за 0,5 отсто во споредба со мај, покажуваат најновите податоци. Најголемо намалување е забележано кај транспортот (1,6 отсто) и храната и безалкохолните пијалаци (1,1 отсто).
Во исто време, зголемување на трошоците на животот е регистрирано кај рекреација, спорт и културата (1,4 отсто), личната нега, како и кај дел од услугите поврзани со домаќинствата, здравството, комуникациите, облеката и обувките.
Кај алкохолните пијалаци и тутунот, домувањето, образованието и финансиските услуги нема промени во однос на претходниот месец. На годишно ниво, индексот на трошоците на животот во јуни е повисок за 3,4 отсто во споредба со јуни 2025 година, додека индексот на цените на мало бележи раст од 3,6 проценти.
