Вести Македонија

Судски совет го пензионира претседателот на Судот во Гостивар, обвинет дека зел 8.000 евра за да влијае врз судии

Судскиот совет го пензионираше претседатeлот на гостиварскиот суд Елјеса Алији оосмничен дека зел 8.000 евра за да влијае на судии. Обвинителството за гонење организиран криминал во мај годинава отвори истрага за делото „примање награда за противзaконито влијание“ за Алији и за судскиот администратор за кого рекоа дека побарал и добил 800 евра за да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и советot на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување службено дејствие што не би смеело да се изврши. Судскиот совет тогаш времено го оддалечи од вршење на судиска функција.

Од обвинителството за гонење организиран криминал велат истрагата е во тек.

„На почетокот на 2023 година осомничените му ветиле на лице кое било странка во постапка во граѓански спор да му помогнат. За надомест од 5.000 евра тие требало да интервенираат кај судија во Основниот суд Гостивар да донесе решение за повторување на постапката за која била донесена одбивателна пресуда. Откако не успеале, повторно, по барање на осомничените на дополнителни парични средства во износ од 3.000 евра требало да интервенираат кај судии во втор степен за укинување на решението со кое не било дозволено повторување на постапката. Подоцна износ од 800 евра како награда му биле дадени на второосомничениот со цел да заврши работа по однос на доставениот писмен документ од извршител“, соопшти обвинителството во мај годинава.

Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски денеска рече дека судијата во јуни наполнил 64 години и ги исполнил условите за старосна пензија по што констатираа престанок на судиската фунцкција..

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новинарите со нов Кодекс по повеќе од 25 години

Sasko Dimovski

Завршните зборови во предметот против екс претседателката на ДКСК, се одложија за утре – доставени нови докази до Судот

Sasko Dimovski

Изборниот законик останува блокиран: партиите не се ни чекор поблиску до договор, неуспешен обидот за консензус

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе