Вести Свет

Апелациониот суд ја потврди пресудата на Ле Пен, но ја намали забраната за извршување јавна функција

Двегодишна условна затворска казна и една година домашен затвор, пресече апелациониот суд за Марин Ле Пен, долгогодишната лидерка на француската крајна десница. Апелациониот суд ја намали петгодишната забрана за извршување јавна функција што беше дел од првичната пресуда, на само 18 месеци отворајќи ја вратата за Ле Пен да се кандидира на следните претседателски избори догодина.

Но, таа уште претходно најави дека нема да се кандидира доколку мора да бара дозвола од полицијата за секое напуштање на домот, потенцирајќи дека на тој начин нема да може да води предизборна кампања. Сепак, тоа не значи дека таа нема да се предомисли за кандидирањето, имајќи во предвид дека најновите анкети ја прикажуваат како фаворит на тие избори.

Ле Пен го напушти судот без да одговори на новинарските прашања, но вечерва ќе гостува на телевизија, каде се очекува да ја соопшти својата одлука во однос на кандидирањето на претседателските избори догодина.

Во случај да ја потврди својата првична најава дека нема да се кандидира, Националниот фронт има резервен кандидат, а тоа е наследникот на Ле Пен на лидерската функција во партијата, 30 годишниот Жордан Бардела.

Интересно, анкетите него му даваат поголеми шанси за победа на претседателските избори, иако младоста и неискуството наведува многумина во Франција да се сомневаат во неговата способност да ја води најголемата европска нуклеарна сила и втората економија на Стариот континент.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Статистички инфлацијата попушта, граѓаните не гледаат поевтинување

Дејан Дејан

Град Скопје ќе испрати помош од 20 000 долари и експертиза за погодените градови во Венецуела по катастрофалните земјотреси

Дејан Дејан

Дваесетина портали со домен .tv под лупа на АНБ и МВР за поттикнување тензии меѓу Македонија и Бугарија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе