Американскиот претседател Доналд Трамп, кој пристигна во Анкара на самитот на НАТО; изрази големо разочарување од Алијансата. По пристигнувањето и дочекот од неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, тој даде низа на остри изјави пред новинарите за членките на НАТО, за нивните издвојувања за одбрана, како и за односите со САД.
Запрашан дали е задоволен од напредокот на Алијансата во поглед на издвојувањата за одбрана, Трамп беше јасен.
„Ќе видиме. Бевм многу разочаран од НАТО. Искрено, ако самитот не се одржуваше во Турција, каде е мојот пријател и многу силен лидер, можно е да не дојдев“, одговори Трамп.
Додаде дека САД „не биле добро третирани поради акциите во Иран. иако вложиле милијарди долари во Алијансата. Посебно се осврна на потезите на поранешниот британски премиер Кир Стармер кој поднесе оставка на 22 јуни.
„Што се однесува до Обединетото Кралство, нивниот премиер…. Претпоставувам дека повеќе не е на таа функција, можеби токму поради тоа. Направи нешто многу непопуларно. Рече „ќе помогнеме кога војната ќе заврши“. Јас реков дека таква помош не ни треба. Помош воопшто не ни беше потребна. На некој начин ги тестирав луѓето, го тестирав да видам дали ќе бидам крај нас“, порача Трамп.
