Вести Свет

Радев: Сè додека има службена влада, Бугарија нема да има режим за струја

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја поздрави службената влада на земјата за контролирањето на инфлацијата во неа.

Според Радев, цената на бензинот веќе е под 3 лева (1,50 евра) на бензинските пумпи на Лукоил со намалувањето од 25 центи што го обезбедија властите и ова е почеток на еден процес. Намалувањето на цените на горивата и бензинот во Бугарија за октомври за 30 отсто се реални резултати, постигнати со напори и многу работа на владата во Софија.

Според Радев, сè додека има службена влада во Бугарија, нема да има режим за струја.

Бугарија е производител на електрична енергија и извозник на елекетрична енергија и Бугарите нема да останат во темнина. Европа во моментов се обидуваше да спречи социјална тензија во претстојната зима и да гарантира политичка смиреност на сметка на жртвување на пазарните механизми со воведување мерки кои ни се познати од едно подалечното минато и со огромни компензации, кои за оваа зима ќе се добредојдени за европските граѓани, но со непредвидливи последици – за пазарот, за европската економија, за нејзината конкурентност, рече Румен Радев.

Главната задача на службената влада на Бугарија е да бара најевтини суровини, без разлика од каде се тие, и да обезбеди најдобри услови за бизнисите и бугарските граѓани, кои се најсиромашни во ЕУ. Службениот министер за енергетика Румен Христов, цитиран од софиски „Капитал“, соопшти дека во Русија имало одлука „Газпром“ да не работи со Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште една странска компанија заминува од земјава – германски БМЗ го затвора погонот, го сели производството во Полска

Kristina Kuzmanovski

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе