Веста која се прошири низ светските медиуми доаѓа од британското кралско семејство. Бакингамската палата соопшти дека здравјето на кралицата Елизабета втора е нарушено и таа е под медицински надзор во замокот Балморал во Шкотска, откако докторите изразиле загриженост за нејзиното здравје.
Во Балморал веќе се собираат членовите на кралското семејство.
Таму се веќе првите наследници на тронот, најстариот син на кралицата, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, како и војводата од Кембриџ, принцот Вилијам.
Освен сите деца на кралицата, медиумите јавуваат и дека на пат кон Шкотска се и принцот Хари и Меган Маркл.
Пред Белморал Замокот се собираат граѓаните кои чекаат информации и се молат за здравјето на 96-годишната кралица.
Нејзината последна активност беше пред два дена кога и го врачи мандатот на новата премиерка, но вчерашните активности беа откажани, по препорака на лекарите.
Кралското семејство обично сака приватност кога се известува за здравјето на нивние членови, но фактот што се најавува дека кралицата не е добра, и што целото семејство се собира, е знак дека нешто сериозно се случува, анализираат познавачите.
Претпоставуваат дека докторите и не знаат како би се развивала ситуацијата со оглед на годините кои ги има Елизабета втора, па сакаат навреме да ги подготват граѓаните за секој можен случај.
