Вести Свет Топ вести

(видео) „Газпром“ со видео ја предупредува Европа за студената, долга и мрачна зима со која ќе се соочи

Рускиот енергетски гигант Гаспром, контролиран од државата, емитуваше видео во кое ја исмева Европа  предупредувајќи за долга зима со снег и мраз што го зафати континентот.

Двоминутниот клип со наслов „Зимата ќе биде долга“ покажува како Европа ќе замрзне заради превисоките цени на енергијата предизвикани од воената инвазија на Путин врз Украина.

На снимката се гледа како работник ги исклучува залихите, доведувајќи ја иглата за притисок на гасот на нула, додека ледените облаци лазат по екранот, низ кој се прикажани снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон.

Видеото е придружено со нежен женски глас која ги пее зборовите на     традиционалната бардска песна „Зимата ќе биде долга“ од Јуриј Визбор. Го содржи мрачниот текст: „Види, преку реката, есента тивко умира… А зимата ќе биде долга, само самрак и снег“.

Нефункционалниот гасовод Северен тек 2, кој беше суспендиран од Германија како санкција против руската инвазија, исто така, е дел од видеото.

Клипот завршува со снимка од седиштето на Газпром во Санкт Петербург, покажувајќи го центарот Лахта, највисоката зграда во Европа. Видеото е објавено додека Европа се бори да се справи со енергетската криза што може да доведе до прекини на струја, затворени фабрики и длабока рецесија. Русија ги прекина испораките на евтин природен гас од кој континентот зависеше со години, за да работат фабрики, да произведува електрична енергија и да ги загрева домовите.

Од „Газпром“ соопштија во петокот дека „Северен тек 1“, главниот гасовод што носи гас до Германија, ќе остане затворен, на неодредено време поради наводни технички проблеми на една од турбините. Но, сето ова следува откако земјите на Г7 одлучија да ја ограничат цената на руската нафта. За Европа ова е уцена која има за цел да ја подели Европа во поддршката на Украина и санкциите против Русија.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Водата за пиење повод за меѓупартиски обвинувања

Kristina Kuzmanovski

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе