Вести Македонија Најважни

Телма-интервју со амбасадорката на САД Брнз: Потребни се храбри поединци за реформи на институциите во борба против корупцијата

-Мислам дека кога станува збор за борбата против корупцијата, мора да се гледа на целото општество и целиот приод на владата. Секој дел од структурата е одговорен за борбата против корупцијата и да се обезбеди дека тукашните институции се отпорни за да можат да ја потиснат корупцијата кога ќе ја видат или да не остават отворен простор за таа да го исполни. Очигледно, голем дел од тоа зависи од институциите, од властите кои се одговорни за управување со тие институции и од луѓето кои работат во нив. Но, институциите самите не можат да се реформираат. Потребни се поединци, потребна е политичка храброст, политичка волја за да се направат тие промени, истакна амбасадорката на САД во заминување Кејт Мери Брнз.

Мислам дека политичката лидерство ги разбира овие прашања, секако ако ги слушаат испитувањата на јавното мислење и граѓаните, разбираат дека за граѓаните ова е најголемиот предизвик. Но, не е доволно едноставно да се донесе закон или усвои едно решение или програма. Мора да се пристапи кон ова од сите агли, рече Брнз за Телма.

-Токму затоа Претседателот Бајден ја издвои оваа тема како дел од националната безбедносна стратегија и се посвети не само на борбата против корупцијата во нашата земја, туку и преку партнерство со земјите, сојузниците и партнерите за кои длабоко се грижиме, да им помогнеме и на нив, исто така да се справат со корупцијата, која е системска, вмрежена, таа е сложен процес. Тоа е нешто што едноставно не може да го решите еден ден и потоа се да биде во ред наредниот. Мора да сте посветени и да сте сигурни дека сите ваши процеси и системи продолжуваат да се борат против сите шанси за појава на корупцијата, одговори американската амбасадорка пред крај на нејзиниот мандат.

На прашањето за обвинителката Вилма Русковска која упати писмо и до неа и до другите дипломати пред да биде суспендирана, амбасадорката Брнз е децидна дека не коментира посебни случаи, а судскиот систем мора да биде независен од политички влијанија.

=Не можам да зборувам за конкретни случаи, како што секако разбирате. Но ќе кажам, како некој што го претставува вашиот партнер, кога станува збор за напорите за владеењето на правото и бидејќи нашата земја инвестираше во тукашното владеење на правото, дека како прашање на принцип ние веруваме дека секој случај и истрага треба да се пресудува врз основа на конкретните докази за тој случај и истрагата.  Не би сакала да прејудицирам. Но, мислам дека е значајно да повторам дека како прашање на принцип, правосудниот сектор треба да биде независен од секој политичко или надворешно влијание. Да биде слободен од такво влијание и тоа го бараат и граѓаните кога зборуваат за еднаквост на сите и фер процес и правда за сите, рече Кејт Мери Брнз, амбасадорката на САД во Скопје.

Целото интервју ќе се емитува по спортските вести во 16:05 и 22:05.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Шкотска има нов премиер ,втор во рок една недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе