Вести Култура

Ентони Дод Ментл, лауреат на наградата „Златна камера 300“ за животно дело на 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферите треба да снимаат филмови што ги возбудуваат

– Сите кинематографери треба да го прават тоа што го сакаат и што ги возбудува.

Ова го кажа Ентони Дод Ментл, британско-дански кинематографер со меѓународна кариера и голем број награди, на мастер класот , ден по отворањето на 43. Интернационален фестивал на филмска камера „ Браќа Манаки“, во Битола, на кое му беше врачена наградата „Златна камера 300“, за животно дело.

Претставувањето на  Ментл, кој пред 13 години на фестивалот „Браќа Манаки“, стана добитник на специјалната „Златна Камера 300“, започна со неговиот автопортрет. Тој ги запозна присутните со уметничките пасии на членовите на неговото семејство. Пораснал во слободоумно семејство, без притисоци од родителите, мајка му била сликарка, а неговиот брат е писател. И Ентони мислел дека можеби ќе биде сликар, секогаш заинтересиран за игрите со светлината.

Како млад работел разни физички работи во Британија и во Данска, потоа поминал подолг период во Индија, каде што своевремено живееле и работеле неговите баба и дедо. Таму на најдобар начин го споил воодушевувањето од пејзажите и питорескниот социјален живот на тој континент и – фотографијата. Релативно доцна, на 26 години, од 1985 до 1989 година студирал камера на Националната Филмска Школа во Копенхаген , по претходно завршен колеџ за фотографија. Таму се случува  средбата со режисерите Ларс фон Триер и Томас Винтерберг, протагонисти на правецот „Догме 95“ и  творци на последниот значаен филмски манифест во светската кинематографија, кој заговараше снимање филмови со камера од рака и употреба на природна светлина.

Ментл на кратко ги портретираше неговите најпознати соработници од разни фази на кариерата: Триер секогаш сакал да провоцира, Винтерберг во „Семејна прослава“, направил едноставна, но исклучителна поетика. За Дени Бојл, со чиј филм „Сиромашниот милионер“, го освои „Оскарот“ за кинематографија,  Ментл рече дека е забавен, но истовремено и брутален автор што сака да предизвикува.

-Секој филм е „ѕверка“, има свој живот, и си зазема сопствена форма, па крајниот исход може да биде непредевидлив, истакна Ментл.

Тој посочи дека за него многу е важна екипата што работи на фотографијата и монтажата при реализацијата на филмот. Ако нема доволно соработка, а премногу егоистичен, тогаш процесот на снимање е многу напорен.

На мастер класот беа презентирани извадоци од неколку значајни филмови со потписот на Ментл, како што се „28 дена“ и „Сиромашниот милионер“ на Бојл, „Антихрист“ на Триер, „Последниот крал на Шкотска“, на Кевин Мек Доналд. Ментл откри сочни детали пред присутните за воведната секс-сцена во „Антихрист“, снимена со професионални порно актери.

Тој говореше и за соработката со Винтерберг, кого многу го почитува како автор и кој му е близок пријател. За Трир, пак, Ментл откри дека кога го снимал „Антихрист“, бил во мрачно расположение, што го преточил во атмосферата на филмот.И призна дека се уште се наоѓа во такво расположение.

Мастер класот се одржа во киното „ Манаки“, а го водеше Најџел Волтерс, поранешен претседател на Интернационалната федерација на кинематографери- ИМАГО и докажан промотер на битолскиот самит на кинематограферите од светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе