Вести Свет

Масакар во Цетиње: Вооружен маж си го убил семејството па пукал во случајни минувачи

Масакар по семејна расправија во црногорскиот град Цетиње. 34 годишен маж со ловечка пушка го убил целото свое семејство по што излегол на улица и пукал во случајни минувачи. Неофицијално убиени се најмалку 11 лица меѓу нив и 4 деца. Црногорските медиуми јавуваат дека во престрелката има 15 ранети лица, како и дека полициските сили го убиле напаѓачот. Сведоците на масакрот велат дека напаѓачот одел низ населбата и пукал во сите на кои наишол.

„Се случи трагедија што Црна Гора не ја памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на главниот град Цетиње“, напиша на Телеграм црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

Престрелката се случила околу 16:00 часот, а според информациите вооруженото лице пред да биде убиено ја попречувало брзата помош да дојде до повредените.

Се стравува дека број на жртви може да биде уште поголем со оглед дека во Клиничкиот центар на Црна Гора се испратени неколку возила на брза помош со повредени. Меѓу ранетите е и еден полициски службеник.

РТЦГ информира за шест повредени лица кои итно се хоспитализирани – четворица во болницата во Цетиње, а двајца се префрлени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Делот од градот во Цетиње каде се случи масакрот е блокиран, а на местото се собраа голем број граѓани.

Во земјата прогласена е тридневна жалост.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Јаделе во таверна, завршија во болница: Деветмина заразени со салмонела во Атина

Kristina Kuzmanovski

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе