Вести Свет

Грција ја поддржува „политиката на една Кина“

„One China policy“, односно политиката на една Кина е позицијата на Грција, изразена како од владиниот портпарол и шефот на грчката дипломатија, така и од опозициската СИРИЗА, јави  дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за односите Кина-Тајван, рече дека на светот не му се потребни други тензии и повтори дека позицијата на Грција е усогласена со ставот на ЕУ.

Нашата земја е непоколебливо посветена на ставот дека разликите треба секогаш да се решаваат по мирен пат, како што предвидуваат меѓународното право и меѓународните договори.  Што се однесува до конкретното прашање, ние сме целосно усогласени со позицијата на ЕУ. Грција непоколебливо ја поддржува политиката на една Кина, рече Иконому.

Оваа грчка позиција, односно политиката на една Кина, ја повторил и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на вчерашната средба со неговиот кинески колега Ванг Ји на маргините на 55-от министерски состанок на Здружението на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Камбоџа.

Идентичен е ставот и на опозициската СИРИЗА, од каде што  велат дека тоа е грчка и европска позиција што тие и во минатото и сега ја поддржуваат, додаваат дека со загриженост ја следат „ескалацијата на тензиите на глобално ниво, што создава услови за нова студена војна“ и повикуваат на иницијативи „во насока на деескалација“, кои тие би ги поддржале.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Јаделе во таверна, завршија во болница: Деветмина заразени со салмонела во Атина

Kristina Kuzmanovski

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе