Вести Македонија

Шпанскиот премиер Санчез доаѓа во Скопје во недела

Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон во недела доаѓа во еднодневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Се очекува тој во Скопје да има средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот Стево Пендаровски.

Посетата на Северна Македонија е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

Кабинетот на шпанскиот премиер соопшти дека Санчез ќе ги охрабри сите балкански земји да ги спроведат неопходните реформи што ќе им овозможи да го забрзаат приклучувањето во ЕУ и ќе им пренесе дека можат да сметаат на Мадрид за време на шпанското претседателство со Унијата во втората половина на 2023 година.

Санчез има намера да ја покаже и важноста што Шпанија ја придава на билатералните политички, економски и културни односи со државите од Западен Балкан, како и поддршка за напорите што ги преземаат да бидат дел од ЕУ.

Поддршка која веќе беше пренесена на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што се одржа минатиот месец во Брисел пред состанокот на Европскиот совет, на кој Санчез се заложи за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија и давање статус кандидат за членство на Босна и Херцеговина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе