Вести Свет

За неколку недели сега се изгорени повеќе површини отколку лани за цела година

Според Европскиот информативен систем за шумски пожари оваа година за неколку недели се пожарени поголем дел површини отколку лани за цела година.

Низ Европската Унија во пожари годинава, од 16 јули, опожарени се 517.881 хектари што е нешто повеќе од 5.000 квадратни километри, што е еднакво на површината на Тринидад и Тобаго, информираше службата на ЕУ за сателитско следење.

Во 2021 година во пожари уништена е 470.359 хектари шума, главно во Италија и во Грција.

Годинава пожари беснеат во Франција, Шпанија, Португалија, Грција и Велика Британија  кои имаат рекордно топлотен бран.

Според Европскиот информативен систем за шумски пожари, Европа може да ја заврши 2022 со повеќе опоќарени површини отколку во 2017, досега најлошата година, кога при шумски пожари беа уништени речиси милион хектари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе