Вести Македонија

Спасовски во посета на полицајците кои беа повредени за време на протестите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во ПЦ „Ѓорче Петров” ги посетил полициските службеници кои беа повредени за време на протестите.

Во свое име и во име на МВР, напиша на фејбук профилот минситерот Спасовски, им оддавам признание за припадниците на македонската полиција за пожртвуваноста, посветеноста и присебноста при обезбедувањето на мирот и стабилноста на граѓаните и на виталните државни институции за време на протестите, а воедно да им посакам брзо закрепнување.

Во протестите вупно беа повредени 54 полициски службеници, од кои 11 потешко повредени, а двајца со сериозни повреди, а нема ниту еден повреден граѓанин.

– Уште еднаш сакам да потенцирам дека македонската полиција имаше огромна одговорност, бидејќи протестите кои немаат основа, не се пријавени, односно се базираат на пропаганда, секогаш имаат хибридни методи и креираат своја искривена претстава во јавноста. Токму во таа насока би ја потенцирал и поуката од сето ова – што значи напад врз полициски службеник, не само за време на протести, туку генерално. Нападот врз полицаец е напад врз државата и за тоа свеста мора да биде на највисоко ниво, напиша на фејсбук Спасовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе