Вести Економија

Храна ќе има доволно во претстојната зима уверуваат властите – инспектори ќе контролираат дали со цените се профитира во криза

Властите ги уверуваат граѓаните да не стравуваат дека ќе останат со празни ладилници во претстојната зима.

Кризата тропа на портите, во најава се тешки месеци, но храна и земјоделски култури има во доволни количини годинава.

Оваа порака ја испрати министерот за земјоделство од говорницата, запрашан околу тоа дали државата е подготвена за презимување.

Ќе се контролира и растот на цените.

Владата неделава на седница донесе одлука да се забрани извоз на пченица и брашно меѓудругото, за да се спречат сериозни пореметувања на пазарот.

„Ние активно и секојдневно преку Царинската управа следиме дали одредени компании се однесуваат неодговорно, неморално или неетички и одржавме состаноци каде што јасно и прецизно ја пративме пораката дека поддршката со парите на граѓаните првенствено треба да биде за задоволување на потребите од храна. Таа цел ја остваруваме. Граѓаните воопшто не треба да се грижат дека ќе имаме проблем во делот со количините на храна“ изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Уверливи тонови пристигнуваат и од друга адреса – Министерството за економија.

Таму, министерот Бектеши зборуваше околу количините на храна како залиха, но и инспекциските контроли. Во криза се профитира, но на институциите е преку инспекции да го спречат тоа.

„Јас сум убеден дека ќе имаме доволно пченица и други земјоделски производи – и како репроматеријали и како суровини имајќи ги предвид податоците што се доставени од страна на Министерството за земјоделство. Во делот на маржите наведов дека Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи прават редовни и вонредни контроли. И ДПИ и УЈП ќе имаат и други механизми се со цел да не се прави злоупотреба врз грбот на граѓаните, во делот на шпекулациите со цените на прехранбените производи“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Во меѓувреме, денес е објавен нов јавен повик до земјоделците, од програмата ИПАРД 2.

Станува збор за повеќе од пет милиони евра инвестициски фонд за проекти. Заинтересираните кандидати ќе може да аплицираат со проекти за машини и опрема за производство и преработка на млеко, месо, овошје и зеленчук, преработка на житарици и друго.

Ќе се субвенционира и поставувањето фотонапонски панели за производство на енергија за сопствени потреби.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе