Вести Македонија

Приведени две лица во случајот со запаленото возило на пратеникот Ристески

Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови. Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година.

Според јавниот обвинител од прилепското основно јавно обвинителство Маријана Илиеска, на едно од двете лица, 31-годишниот прилепчанец му е определен притвор до осум дена поради спречување на службеното лице во извршувањето на должноста.

Се прибира доказниот материјал во случајот, налогот е даден да се приберат сите видеозаписи од околината, од бензиски пумпи, јавни објекти во периодот кога е запалено возилото, а од собраниот доказен материјал на лице место се чека да заврши вештачењето, изјави обвинителката Илиеска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе