Вести Македонија

Синдикалците повторно пред Собрание – овојпат со помалку столчиња, но со истите барања

Додека пратениците внатре на Комисијата за финансирање и буџет одлучуваат за судбината на амандманот за зголемување на платите, синдикалците надвор на топлото време уште еднаш застанаа зад своите барања.

Повисоки плати да има за целиот јавен сектор е точка на запнување, бидејќи досега не е изгласан овој амандман на Законот за работни односи.

Собраниската комисија брои четиринаесет членови, а осум од нив добија жолти картони и директно беа прозвани од синдикалците, затоа што се против предлогот на ССМ.

Радикализација е една од опциите за Сојузот, ако сè уште не се наоѓа решение за повисоки плати.

„Во моментот стигнуваат сигнали до нас дека тие можат да ги усогласуваат платите до први септември. И да е тоа така, ни ќе го изразиме незадоволството на нови начини. Кога ќе има некоја странска делегација еве во моментов, за решавање на проблемот со францускиот предлог, ние работниците ќе излеземе на улица и ќе го покажеме незадоволството бидејќи другари, ние денеска бараме пари за леб“ изјави Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Надлежните тврдат дека се на иста страна со работниците.

Од труд и социјала, министерството пред коешто синдикалците исто така протестираа, веќе истакнаа дека се за зголемување на платите, но не со „ад хок“ мерки туку туку со добро обмислени и системски решенија.

Но, синдикалците сакаат веднаш.

„Нам парите нѝ се потребни денес, бидејќи денес е зголемена цената на струјата за 7,4% до 98%. Ние како работници, не знаеме што значи тоа од 7% до 98%. Тие изнајдоа нова цена на струјата, изнајдоа нова методологија за пресметка на струјата, а не изнајдоа решение и методологија за пресметка на платите за да растат во овие моменти на криза со ценовни шокови, нафтена криза, топлинска криза, итн. А, да не зборуваме за двоцифрената инфлација“ изјави Димовски, претседател на ССМ.

Протестите на ССМ започнаа на 22 јуни, пред Собранието.

Работници се собраа и кај министерствата за труд и социјала, финансии и информатичко општество и администрација, како и пред Владата.

Денес улицата пред Собрание повторно беше собиралиште за претставниците на Сојузот, и повторно беше испратена пораката дека ќе се бараат оставки од пратениците коишто нема да гласаат во корист на работникот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе