Вести Ковид19 Македонија

ИЈЗ: Најмногу ковид случаи во Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово

Според извештајот на Институтот за јавно здравје во период 30.05-05.06.2022 тестирани се вкупно 7.211 материјали за присуство на SARS-CoV-2 што е 5,0% повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 453 нови позитивни случаи од 23 градови во државата, со намалување од 9,9% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 3,4% до 7,1%, просечно 6,0%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово.

Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години. Во однос на претходната недела, се регистрира намалување скоро кај сите возрасни групи, а зголемување се регистрира кај возрасните групи од 20-29 години (25,8%) и 40-49 години (16,7%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 455 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 0,9% повеќе во споредба со минатата недела.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 86 реинфекции, со зголемување од 26,5% во однос на претходната недела. Пријавен е еден смртен случај од Скопје.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 18 лица (50,0% повеќе во споредба со претходна недела), од нив 5 се на кислородна поддршка (два случаи повеќе во споредба со претходна недела), а нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе