14-годишно момче е убиено за време на ракетен напад на руската армија врз Одеса, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање. Во истиот напад, додаде тој, 17-годишна девојка се здобила со рана од шрапнел.
„Што е тоа? Зошто? Со што и се заканија на руската држава овие деца и студентскиот дом?“, прашува Зеленски.
Тој, исто така, рече дека новите санкции на ЕУ тешко ќе ја погодат Русија и „содржат јасни чекори за блокирање на руските енергетски приходи. За на терористичката држава да не и се даваат милијарда евра дневно за гориво“.
Зеленски додаде дека украинските вооружени сили одбиле неколку руски напади на југот и на истокот на земјата, но и дека „ситуацијата е исклучително тешка насекаде“.
