Вести Свет Топ вести

Во тек е „Евакуацијата од Азовстал“, но уште многу луѓе чекаат помош

Украинските власти соопштија дека веќе трет ден се одвива специјалната операција наречена „Евакуацијата од Азовстал“. За првпат од почетокот на воната, од почетокот на опсадата на фабриката за челик во Мариупол успешно се евакуирани 100 цивили, главно жени, деца и постари лица. Во челичарницата Азовстал има повеќе од 1.000 цивили и 500 ранети војници од Азовскиот полк, кои исто така треба да бидат евакуирани за да ја добијат потребната медицинска помош. Руското Министерство за одбрана објави снимка на која се гледаат цивилите од Азовстал како пеш одат до местото каде ги чекаат автобусите за време на прекинот на огнот. Според руската војска, луѓето биле однесени во селото Безимене во Доњецката народна република, каде што им било обезбедено сместување, храна и медицинска помош.

  • Над 100 луѓе беа евакуирани, а операцијата продолжува. Сето тоа стана возможно благодарение на контролата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Антонио Гутереш, Меѓународниот комитет на Црвениот крст. За што сме многу благодарни, но деталите ќе следуваат подоцна. Ние ги спасивме, Ирина Верешчук, украински вицепремиер.
  • Се разбира, следната фаза од операцијата е да се изведат сите други. Остануваат уште многу луѓе и многу проблеми. Ова беше првиот прекин на огнот над фабриката Азовстал, кој трае веќе два дена. Се надеваме дека ќе продолжиме да работиме со меѓународните институции и ќе овозможиме евакуација на сите во Азовстал, Дејвид Арахамиа, претседател на партијата „Слуга на народот“.

Во ненајавена посета на Киев, пристигна Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која ја предводеше делегацијата на Конгресот. Таа на средбата со украинскиот претседател Зеленски, вети американска поддршка „до завршување на борбата“ и најави дека Конгресот наскоро ќе одобри 33 милијарди долари помош за Украина.

  • Нашите дискусии се фокусираа на темата за која прашувате – безбедност, хуманитарна помош, економска помош и на крајот обнова кога ќе се случи победата. Бевме горди што му пренесеме порака за единство од Конгресот на Соединетите Држави, порака на благодарност од американскиот народ за неговото лидерство и восхит до народот на Украина за нивната храброст, рече Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом на САД.

Пелоси денеска е во Полска, а Зеленски ги продолжи дипломатските напори за обезбедување поддршка преку телефонските разговори до Макрон и Џонсон.

  • Денеска разговарав со претседателот на Франција Емануел Макрон. За различни области на соработка меѓу Украина и Франција, особено во одбраната. Исто така – за соработката на патот на Украина кон Европската унија. Ние се движиме кон политичко официјализирање на она што веќе е факт: Украина стана интегрален дел од обединета Европа, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана собориле два украински бомбардери Су-24м над регионот Харков во текот на ноќта. Министерството соопшти дека користело високопрецизни ракети Оникс за да го нападне аеродромот во Одеса, откако Украина ја обвини Русија дека ја урнала новоизградената писта. Русија ја обвинува Украина и за гранатирање на цивили во Керсон. Во сооптението на руското Министерство за одбрана се наведува дека украинските сили гранатирале училиште, градинка и гробиштата во селата Киселивка и Широка Баклка, во Керсон. Украинските власти сè уште не одговориле на обвинувањата од Москва.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе