Вести Македонија

Врховен суд го одби барање на Груевски за преиспитување на пресудата за „Насилство во Центар“

Врховниот суд го одбил барањето на експремиерот Никола Груевски за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Насилство во Центар“ со која тој правосилно е осуден на 1 година и 6 месеци затвор.

Од Основниот кривичен суд во Скопје информираа дека од Врховен им доставиле решение во кое барањето на Груевски, поднесено преку неговиот адвокат, „се отфрла како недозволено“.

Пресудата за „Насилството во Центар“ од првостепениот суд беше донесена на 29 септември 2020 година, а на 10 септември 2021 пресудата беше потврдена и од Апелацискиот суд во Скопје.

Покрај Груевски, со истата пресуда за виновни беа прогласени и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет други лица директни учесници на насилните протести пред Општина Центар во 2013 година. Но, тие добија условни казни затвор.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе