Вести Свет Топ вести

Градоначалникот на Мариупол: Ни треба повеќе оружје, нема да се предадеме. Никогаш

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, рече дека опколениот град никогаш нема да се предаде и ги повика западните сојузници да достават уште повеќе оружје за да и помогнат на Украина.

„Можеме да го вратиме само она што е наше“

Во изјава за Скеј Њуз, Бојченко рече: „Никогаш нема да се зборува за предавање на Мариупол за мир. Можеме да го вратиме само она што е наше, а Мариупол беше и ќе остане украински и ќе направиме се што можеме за да го обезбедиме тоа“.

Бојченко понатаму го повика целиот цивилизиран свет да се обедини и да обезбеди оружје за да и овозможи на Украина да постигне победа.

На крајот, тој заклучи: „Колку побрзо стигнат до украинските вооружени сили, толку побрзо ќе можеме да се вратиме дома. Јас ќе си одам дома во Мариупол, а другите ќе се вратат во други градови. Ние мора да ги донесеме овие одлуки порано или подоцна Мора да разбереме дека нема друг избор, нема. На нас Украинците мора да ни се даде можност да ја ослободиме нашата земја“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе