Вести Свет Топ вести

Милановиќ им се заканува на Финска и Шведска, а Пленковиќ одговара – нека биде фраер и нека блокира

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ го повика претседателот Зоран Милановиќ да го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО алијансата „ако е фраер“ и повтори обвинувања дека шефот на државата застапува проруски позиции.

Нека е фраер нека го блокира на самитот на НАТО во Мадрид… Одма. Зошто го остава парламентарното мнозинство, Собрание. Нека му каже директно на Бајден, јас сум против. И онака човекот ги застапува про-кремљските ставови во Хрватска, изјави Пленковиќ.

Милановиќ вчера изјави дека Финска и Шведска не можат да влезат во НАТО додека не се смени изборниот закон во БиХ и дека дотогаш хрватскиот парламент „не смее да ратификува ничиј пристап во Алијансата“.

Хрватското собрание не смее да го ратификува ниту еден пристап во НАТО. Очекувам сега реакции, повици, закани, но можам само да му го покажам ова. Да живееме, рече Миловановиќ.

Милановиќ рече и дека може да се разговара за влез на Финска и Шведска во НАТО, но, како што наведе, тоа е „опасна авантура“.

Премиерот и претседателот на Хрватска, кои доаѓаат од различни политички опции, веќе подолго време ги прекинуваат односите и речиси секојдневно разменуваат навреди преку медиумите.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ирански рапер осуден на смрт заради поддршка на протестите

Дејан Дејан

Почина легендарниот Велибор Џаровски – Џаро

Дејан Дејан

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе